Младите на тест – знаат ли што е празникот 8 Септември?

Знаат ли младите што е празникот 8 Септември и зошто е толку значаен за Македонија? Ги прашавме децата и тинејџерите што се одбележува на овој ден. Одговорите – повеќе од изненадувачки. За повеќето, 8 Септември е само уште еден неработен ден во календарот, а имаше и такви кои сметаа дека овој ден е посветен на мајките.

Сепак, имаше и млади кои точно знаеја што се одбележува на 8 Септември – датумот кога, на референдумот одржан во 1991 година, граѓаните со огромно мнозинство се изјаснија за независна и самостојна Македонија.

Резултатите покажуваат дека за дел од најмладите значењето на 8 Септември останува непознато. Па се отвора прашањето – колку младите навистина ги познаваат значајните датуми и настани од македонската историја?

Ева Тушевска, М-Нет