Младите македонски борачи на подготовки во Кочани

Младинските боречки селекции на Македонија се наоѓаат на подготовки во Кочани за претстојното Балканско првенство што ќе се одржи во Грција. Преку четирисет борачи заедно со своите тренери ќе се обидат да го вратат борењето на старите славни патеки да постигнат добри резултати и затоа ги имаат сите неопходни услови за што подобар третман.

Воедно денес во Кочани се одржа и состанок на целокупното раководство а за донесените заклучоци ќе информираме во нашите наредни информативни емисии.

Драги Герасимов – Пушка