Кикс на Каменица Саса за нов продор на врвот на Победа и на Слога

Денес се одиграа натпреварите од 8 коло на ВМФЛ – Исток во кое дојде до промена на врвот на табелета. Екипата на Каменица Саса киксираше и загуби во мечот со аутсајдерот Братство а тоа го искористија екипите на Победа и на Слога и заседнаа на врвот на табелата. Tимот на Осогово во минатото коло ја победи Беласица во Струмица а денес ги разочара своите симпатизери загуби убедливо на свој терен. Тимот на Кит Го дојде во водство во 45 м. од првото полувреме со прекрасниот гол на Зоран Андонов од слободен удар. Во второто полувреме Кит Го беше многу подобра екипа и постигна уште два гола. Најнапред Зоран Андонов го зголени резултатот на 2:0 во 68 м. И покрај сите напори на домакините за постигнување на барем почесен гол тоа не им успеа грешејки во решавачките моменти. На резултат 3:0 „кумуваше“ домашниот играч Голабовски кој не се разбра најдобро со голманот Иванов и си постигна автогол во 70 м. за конечен резултат Осогово – Кит Го Пехчево 0:3. Еве ги комплетните резултати од ова 8 коло:

  1. Братство – Каменица Саса 2:1
  2. Слога – Кожув 2:1
  3. Осогово – Кит Го 3:0
  4. Локомотива – Беласица 0:2
  5. Победа – Детонит 1:0

Табела

  1. Победа 19
  2. Слога 19
  3. К.Саса 17
  4. Беласица 14
  5. Кит Го 12
  6. Осогово 10
  7. Кожув 8
  8. Детонит 7
  9. Локомотива 4
  10. Братство 4

Драги Герасимов – Пушка Mnet.mk