Младите коледари со песна утринава го најавија христовото раѓање

Малите коледари со песна утринава го најавија христовото раѓање. Посетувајќи ги домовите, ја најавуваат радосната вест за христовото раѓање. Уште рано утринава по маалата во Штип продолжи да се негува вековната традиција. Домаќинките подготвени ги чекаа малите коледари и ги даруваа со колачиња, овошје, ореви и по некоја паричка, а тие радосни заминуваа да пеа на друга врата.

Негувањето на традицијата е показател дека сѐ уште постоиме, ќе рече госпоѓа Соња Кулакова, додавајќи дека ваквите празници нѐ зближуваат и обединуваат. Убаво е детски глас да го најави христовото раѓање.

„Нека се собираат, убаво е што помали деца се здружиле. Ова многу значе, верата го држе човекот, правдината“ – вели Кулакова.

Некогаш на врата пееле и по 80 дечиња, денеска бројката е значително намалена, но радува фактот што се уште има млади кои од врата на врата со песна ја најавуваат радосната вест.

Лаура Стојанова Ќирчов, М-Нет