
Младиот штипски фудбалер Филип Нацев кој настапува за екипата Гегинген од Аугсбург зад себе има одлична сезона. Младиот фудбалер кој е од генерација 2014 исто така оди и на тренинзи со екипата на Аугсбург, па пред него е одлична кариера.
Како најдобра генерација во која настапува Нацев без ниту еден пораз во лигата со само три примени и 56 постигнати погодоци завршија на врвот од табелата во градот Аугсбург, а со тоа исполнија услов да бидат повикани и на еден од петте најјаки турнир во Германија во организација на германскиот фудбалски гигант Баерн Минхен.
На турнирот ќе настапат над 350 тимот од Гергамнија, Австрија и Швајцарија, а во генерација 2014 ќе се соочат најдобрите 24 екипи, како што се РБ Лајпциг, Баерн Минхен, Аугсбург, Ајнтрахт Франкфурт, ЛАСК Австрија, Минхен 1860, Нирнберг, Берлин и други познати екипи.
Турнирот ќе се одржи во „Парк Олимпија“ во Минхен во недела на 25. јуни.
