Младиот штипски каратист Марко Џорлев се пласираше на Светското првенство во Полска, ветува борба за медал!

Младиот штипски каратист Марко Џорлев официјално се пласираше на Светското првенство кое ќе се одржи во Полска од 14 до 18 октомври, откако Џорлев триумфурираше во Купот на Македонија со четири победи од толку натпревари без примен поен.

КК Штип е најуспешен клуб од Македонија со дури пет претставници на СП за кадети, јуниори и помлади сениори до 21 година.

За Џорлев настапот на Светското првенство во Полска е уште една голема потврда за неговиот голем развој и напредок, младиот каратист во периодот што следи ќе стави силен фокус на подготовките за настапот на Светското првенство.

Од карате клубот Штип од кадети учесник на СП ќе биде само Џорлев, додека Никола Митев и Џем Пашов ќе настап на СП во јуниорска конкуренција, а пак кај дамите во јуниорска конкуренција ќе настапи Душица Бреслиева и Мила Штериева.

За Џорлев ова ќе биде прв настап на Светско првенство, откако претходно учествуваше на Европско првенство, Светски Куп и Балканско првенство.

Александар Ванев, М-Нет