
Млади спортисти од Србија со хуманитарна мисија од Бор до Света Гора преку Штип со цел да соберат финансии за лекување на младите девојчиња Уна и Јана, предизвик од околу 750 километри.
На овој начин сакаат да ја подигнат свеста за собирање на финансии, но притоа и да испратат порака дека вакви настани и преку спортот може сите заедно да се здружат кон една цел – да се помогне тогаш кога е најмногу потребно.
„Ова е една наша хуманитарна акција со која имаме за цел да собереме финансии како во Србија, Македонија и Грција. И во вашата држава се собираат финансии преку смс пораки и нашата цел е да собереме што повеќе пари за лекување на овие девојчиња и да ги мотивираме младите да се насочат на вакви хуманитари мисии.“
Младите хуманитарци денес ќе бидат гости во Штип, каде ќе имаат можност да одморат, но и да се запознаат со градот под Исарот.
„Нашите припреми околу осум месеци беа во тек, 750 километри не е лесно, имаме околу 11 дена до Грција. Во Македонија сме четири дена, вчера бевме во Куманово, денес во Штип утре во Струмица и Дојран. Навистина е тешко како физички, така и психички.“
„Навистина е супер, се чувствуваме пријатно како да сме во нашата држава. Луѓето се пријатни, ги интересира за што точно станува збор, постојано прашуваат како може да се вклучат во акцијата“
Ова не е прва акција на овие млади луѓе од Србија, како што вели Николиќ минатата година имале успешна мисија која била на релација од Бор до Острог, рута од околу 550 километри.
„Ова не е наша прва мисија, ние минатата година бевме до Острог имавме околу 550 километри и таа акција беше успешна. Собравме голема сума на финансии, се надевам дека и оваа година ќе собереме потребната сума на финансии за лекувањето на девојчињата“
Ова нема да биде последна мисија, како што вели Николиќ за М Нет телевизија и во иднина ќе продолжат со вакви хуманитарни мисии.
Штипјанецот Игор Џолев ја отвара вратата на својот дом за овие хуманитарци, кои ќе биде нивен домаќин.
„Денес ние ќе бидеме почесни домаќини, ќе имаме гости, ќе бидеме дел од оваа хуманитарна мисија и ќе им пружеме на дечките барем еден ден да го разгледаме Штип, да им опстоиме со храна, со едно ноќевање и утре наутро да ги испратиме со Господ напред кон нивната цел“, вели Игор Џолев.
Како што вели Николиќ луѓето во Македонија со топло срце ги прифаќаат, им даваат потребна помош на патот кон нивната крајна цел, дополнуваат дека Македонците се вклучуваат со донирање кон оваа хуманитарна мисија за Уна и Јана.
Александар Ванев, М-Нет