
На 11.07.2021 во 06,20 часот било пријавено дека на регионалниот пат Штип-населба Три Чешми патничко моторно возило “мерцедес“ со штипски регистарски ознаки управувано од Н.М.(20) од Штип излетало надвор од патот. Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил возачот констатирани во Клиничката болница во Штип. Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Штип.