Млад фудбалер на Лацио загина во сообраќајна несреќа

Фудбалска Италија тагува по младиот фудбалер на Лацио, Даниел Гуерини. 19-годишниот фудбалер, загинал во сообраќајна несреќа. Гуерини бил еден од најталентираните италијански фудбалери.

Гуерини загинал во сообраќајна несреќа, во која учествувале две возила, „Смарт“ и „Мерцедес“.

Во „Смартот“, бил Гуерини со уште двајца пријатели, а „Мерцедесот“ бил управуван од 68-годишник.

Смртно настрадал Гуерини, додека неговите пријатели се здобиле со сериозни повреди.

Даниел Гуерини, бил член на младинските селекции на Италија, во Лацио пристигнал пред два месеци од Торино.

Текстот Млад фудбалер на Лацио загина во сообраќајна несреќа е превземен од МАКФАКС.