
Продолжување на проектите или „фудбал поканцелариите“, шверц и слобода за криминалците – тоа, според премиерот Христијан Мицкоски, ќе биде изборот на граѓаните на следните избори.Како што рече денес тој во својата изјава, ако граѓаните изберат коалиција предводена од ВМРО-ДПМНЕ, реформите и проектите ќе продолжат, а ако не како што истакна ќе следи враќање на старите политики и практики.
,,Ние имаме своја цел, фокус и приоритети и врз основа на тоа ние ќе ги водиме нашите политики. На крајот од денот на избори, граѓаните ќе гласаат, многу ќе биде јасен изборот. Од едната страна ќе биде коалицијата СДСМ, ДУИ и Левица, а од другата страна ќе биде коалицијата која што ќе ја предводи ВМРО-ДПМНЕ. Граѓаните ќе одлучуваат за кого ќе го дадат својот глас. Ако одлучат да го дадат за коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, реформите, проектите ќе продолжат. Ако одлучат да го дадат за коалицијата СДСМ, ДУИ и Левица, ќе имате работа со луѓе кои што се нихилисти, повторно ќе гледате фудбалчиња по канцеларии. Ќе гледате како марихуаната станува носен бизнис во државата, шверц, криминалците повторно ќе се вратат на улиците, ќе ги ослободат од затворите, зачи тоа е разликата меѓу едната и другата влада. Така што националните предаства, ќе се потпишуваат договори за се и сешто.“, кажа Мицкоски
Мицкоски се осврна и на состојбите што ги затекнале во Водостопанство – неплатени плати, долгови и проблеми со водата за земјоделците. Рече дека сега работите се средуваат и дека исплатите кон земјоделците продолжуваа
,,Неисплатени плати во АД Водостопанство, три плати не беа исплатени на работниците, сега тоа оди месец за месец, со тоа и придонеси. Акумулациите беа претворени во мучуришта. Конкретно лозарите среќа беше да добијат вода за наводнување, сега гледате со домакино работење сега веќе тоа не е проблем, како да кажам нормална работа, но кога ќе се спореди со тогаш, тогаш беше проблем. Имаше и долгови кон земјоделците по основ на дирекни плаќања од 2020, 2021. Сега веќе ги завршуваме, со ребалансот ќе се доисплатат и за полјоделците и за млекарите од 2025 и веќе е почнат циклусот на пријавување за субвенции за дирекни плаќања во 2026 година.“, вели Мицкоски
Инаку, Мицкоски нагласи дека тие како Влада имаат своја цел, фокус и приоритети и врз основа на тие ќе ги водат своите политики, за кои што на крајот граѓаните ќе гласаат.
Иван Митев, М-Нет