Осврнувајќи се на случајот со неисправната вода во делови од државата, од опозициската СДСМ истакнуваат дека прво загадена вода за пиење имаше во Гостивар, Валандово, Лешок, Крушево и Пласница.
„Дури и во болница немаше безбедна вода“.
Сега, додаваат од оваа партија, бела пена тече низ реката Лепенец во Скопје.
„Пената изгледа како да е синтетичка. Видливиот доказ за загадување што се излива директно во реката, токму таму каде што Лепенец се влева во Вардар.
Ова веќе не е инцидент“.
Ова, според нив, е системски колапс на институциите под, како што велат, команда на Христијан Мицкоски и организираната криминална група ВМРО.
„Додека тие отвораат базени, менуваат министри и обвинуваат за „дезинформации“, реките се полнат со пена, а граѓаните не смеат да ја пијат водата од чешма. Мицкоски ја труе Македонија. Буквално“.
Текстот Мицкоски направи еколошка катастрофа, oтровот стигна и до Скопје, велат од СДСМ е превземен од МАКФАКС.