
Набавените 100 нови амбулантни возила денеска ги презентираше премиерот Христијан Мицкоски, кој истакна дека со нив ќе се овозможи побрза и попрецизна интервенција, благодарение на современата опрема со која располагаат возилата. Мицкоски посочи дека значењето на обезбедената опрема најдобро ќе се почувствува во моментите кога таа ќе биде неопходна, нагласувајќи дека нејзиното отсуство дотогаш може да претставува проблем
,,Онаму каде што е потребно убеден сум дека со овие возила побргу ќе се стигнува и ќе се интервенира многу попрецизно, имајќи предвид опремата којашто ја поседуваат овие возила, сто на број. После тие стотина возила коишто ги доби пошта, после оние 53 возила се користат веќе за чистење и собирање смет, дојде време и за сто возила амбулантни, а многу скоро од денеска ќе имаме и нови 150 електрични автобуси кои ќе бидат распледелини низ градовите во Македонија. Ова можеби не е значајно но верувајте, оној момент тоа ќе ви биде потребно, овој момент кога ви обезбедуваме се ќе ви биде значајно кога ќе ви биде потребно, затоа што го немало“, изјави Мицкоски
Мицкоски најави дека на ред е и проектот за изградба на Клиничката болница во Штип, за кој се водат преговори со Светската банка и Европската инвестициска банка за обезбедување финансиски средства. Тој посочи дека инвестициите во здравството ќе бидат приоритет на Владата и во периодот што следува.
,,Сакам исто така да напоменам дека наш приоритет во периодот којшто следи се инвестициите во здравството и ќе продолжиме да инвестираме, има многу за инвестирање, не можеме се да решиме, но она коешто планираме во периодот којшто следи и со завршуваме во делот на здфравство се преговорите со здружена Светска банка и Европската инвестициска банка ќе финансираат, а тоа е конечно Клиничката болница во Штип, здравствениот дом во Кичево со проширена дејност Кичево и болницата во Тетово. Очекувам подобрување и формално“, кажа Мицкоски
Мицкоски потсети на набавката на стотина возила за потребите на „Пошта“, како и на 53 возила за чистење и собирање смет, додавајќи дека сега следува набавката на 100 амбулантни возила. Тој најави и дека наскоро се очекува да бидат обезбедени 150 нови електрични автобуси, кои ќе бидат распределени низ градовите во Македонија.
Ева Тушевска, М-Нет