
Од доменот на правдата е прашањето за Ива Михаилова, а не од здравствен карактер, па затоа при посетата во Бугарија не било разговарано, изјави денеска министерот за здравство Сашо Клековски. Тој појасни дека побарал дополнување на извештајот по иницијатива на клиника за неврологија како и зголемување на надзорот во приватна здравствена установа за покомплетна препорака.
,,Во основа постигнавме премолчена согласност за прашањето на И.М. Не е здравствено прашшање, туку е прашање од доменот на правдата, бидејќи особата е бегалец од правдата барана со меѓународна потерница. Како што е тоа прашање на правдата, а не здравствено прашање, не го разговаравмe. Во основа барав дополнување на извештајот, беше по иницијатива на клиниката за неврологија , бидејќи не е следена целата постапка и здравствените постапки ги имала во здравствените установи во Македонија. Дополнително побарав да надзорот се прошири на една приватна здравствена установа за да добиеме една комплетна препорака. Веќе во оваа фаза има констатирани прекршоци и веќе во оваа фаза е побарано стручен надзор за медицинскиот дел оди извештајот“ рече Клековски
Ива Михаилова тврди дека има тешка здравствена состојба со ризик од траен инвалидитет и останување во инвалидска количка, како последица на сообраќајната несреќа која се случи на 7 октомври 2025 година на патниот правец Кочани – Штип, каде загина едно лице, а повеќемина беа повредени.
Ева Тушевска, М-Нет