Мицкоски: Ива Михаилова и нејзиниот татко ќе одговараат пред македонските власти кога-тогаш, МВР го истражува заминувањето

Не е вистинито тоа што се емитува на бугарските медиумите за легалниот излез од Македонија и влез во Бугарија, на Ива Михаилова и нејзиниот адвокат, тврди премиерот Христијан Мицкоски. Имено, според евиденциите, адвокатот на Михаилова последно влегол на 28 септември. Мицкоски децинде дека ќе продолжат со истражување.

,,Поврзано со случајот со Ива, Ина, како се викаше јас можам да кажам следново, апсолутно е невистина тоа што го емитуваа бугарските медиуми дека заедно со нејзиниот адвокат поминале на регуларен грамичен премин и тие биле исто така поздравени, тоа претставува лага, како прво, како второ последен пат коешто ние го имаме евидентирано, а е потвдено и од бугарската страна, адвокатот влегол на 28 септември, а не е точно тоа што го тврдеше, иако станува збор за личност со сомнително минато, сепак сакам овие работи да ги знае јавноста. Од друга страна исто така можам да потврдам дека на нелегален начин е пренесена во Бугарија, истражуваме, МВР истражува и ќе дојдеме до сознание на кој начин е однесена“, дециден Мицкоски

Мицкоски жали што бугарското политичко раководство не ја враќа правосилно осудената личност во Македонија за да ја отслужи казната, како и тоа што млада девојка ја избрала Бугарија, наместо својата родена татковина.

,,Она коешто исто така сакам да го кажам е дека и родителот, којшто треба да одговара пред македонските власти и Ива којашто треба да ја докажува својата невиност, ќе одговараат кога-тогаш. Ако некој мисли дека на овој начин обезбедил заштита, на начин на којшто ги нарушува меѓусоседските односи помеѓу двете држави, жалам што политичкото водство во Бугарија се обидува на овој начин да покаже политички мускули, а не ја сфаќа штетата што саба себе си ја прави на меѓународен план, тоа е нивна одлука, тие избрале ваква политика. Жалам што тие наместо лице правосилно осудено да го вратат тука, да ја отслужи казната за коешто е осудена, тие не го прават тоа и жалам што млада девојка којашто најголемиот дел од своето образование го стекнале во својата татковина Македонија, одлучила да биде ова коешто денеска се претставува кај нашиот источен сосед“, вели Мицкоски

Инаку, покрај Ива Михаилова, македонските власти трагаат и по нејзиниот татко, Симеон Михаилов.

Eва Тушевска, М-Нет