Јавна расправа и во Штип за новиот просторен план, се планира развој на градовите, енергетиката и земјоделството во ИПР

Јавна расправа за новиот просторен план на Македонија до 2040 година се одржа денеска и во Штип. Планот опфаќа како ќе се развиваат градовите и населените места, енергетиката и земјоделството, како и заштитата на природата и животната средина. За неговата изработка се подготвени 20 експертски елаборати, а предвидени се решенија и за Источниот плански регион.

,,Денеска ме овдека во Штип по четвртата по ред јавна и стручна расправа по нацрт просторниот план на Македонија со временски оризонт од 2040 година. На овој стратешки документ Министерството за животна средина и просторно планирање е нарачател, додека изработувач е агенцијата за планирање на просторот. Потребата за отпочнување на изработка на нов просторен план, произлезе од самата причина што сегашниот простроен план кој што е во сила, веќе е со истечен временски хоризонт, до 2020 му беше, но согласно законската регулатива, продолжува да се применува се додека не се носи просторен план на државата. Се надеваме дека и денеска овдека во Штип ќе имаме конструктивна јавна расправа, добри сугестии, забелешки, предлози и токму тоа е причината зошто денеска сме овде, тие забелешки кои ќе произлезат од тука, ние сите заедно да придонесеме кон подобрување на содржината на планските решенија кои ги нуди овој стратешки документ. Просторниот план е многу комплексен и стратешки документ, за кои за потреби за изработка на просторниот план се изработени 20 експертски елаборати, почнувајки од урбаниот равој, енергетиката, заштита на животната средина, заѓтита на природата, на земјоделското земјиште, демографијата од сите овие обласи има предвидено и за ИПР.“, вели Реџепи

Во рамки на планот се предвидува и изградба на нови брани, како дел од решенијата за водостопанството. Каде точно би се граделе, засега не е прецизирано, најави Неби Реџепи од Министерството за животна средина и просторно планирање.

,,Има, во студијата за водостопанска основа, има согласно студијата изработена од професорите, од универзитеот, има предвидено изградба на нови брани, но тоа точната локација секако дека во при презентацијата на изработувачите, ќе можете поделтално да ги слушнете и да ги дознаете.“, додава Реџепи

По јавните расправи треба да се соберат сите забелешки и предлози, па да се доработи планот, кој треба да покаже како ќе се развива Македонија во наредните години.

Иван Митев, М-Нет