Министерот Николовски и Сојузот на извидници ја реализираа акцијата за пошумување „Боренка“ во Свети Николе

На Богословец, Свети Николе, денеска се засадија околу пет илјади дрваца, како дел од акцијата на Боренка преку која се пошумуваат опожарени подрачја. Голем број волонтери, општествено одговорни комапнии беа дел од акцијата преку која се одбележа и денот на пролетта.

„Кога младите ќе засадат дрво на планетата земја и кога младите ќе ги ангажираме во нашето општество тие понатаму ќе имаат сосема друга свест. Денес нема поубаво место како да се одбележи Меѓународниот ден на пролетта. Токму тука од Богословец, Свети Николе ќе бидат засадени околу пет илјади дрвца“ – вели Николовски.

Николовски потенцира дека ваките акции ќе продолжат и во иднина со цел да се пошумат сите опожарени места во државата, додавајќи дека миинистерството дополнителни ги поддржува ваквите настани.

„Да направиме резиме, дека до денеска близу 900 илјади дрвца од овој план веќе се реализирани.“ – додава Николовски.

Еден милион и 200 илјади садници се предвидени да бидат засадени и оваа 2024 година во опожарените подрачја.

Лаура Стојанова М-Нет