
Минатата година во Македонија бројот на починати лица поголем во споредба со бројот на новородени деца. Според податоци од Државниот завод за статистика мината година во нашата држава се родиле 19 031 бебиња, а починале 25 755 лица што значи природниот прираст е негтивен за 6724 лица.
Во градските подрачја живородени се 11 258 деца или 59,2% од вкупниот број новородени, а во селските подрачја 7 773 деца или 40,8%. Најголем број на новородени дечиња има во Скопскиот регоин, а најамал во Источниот дел од државата.
Од друга страна во градските подрачја минатата година умреле 15948 лица или 61.9% , 9 807 или 38,1% умреле во селските средини. Во градските подрачја починале 64 доенчиња, а во селските подрачја 44.
Природниот прирас е негативен и изнесува 4690 во градските подрачја и 2034 лица во селксите подрачја.
Лаура Стојанова М-Нет