
ОО на СДСМ Штип на средба со работниците разговараше за придобивките од покачувањето на минималната плата. Според претседателот, Јане Миланов, освен двојното покачување на минималецот, со генералното покачување на платите сме и на чекор до ветувањето за просечна плата од 30.000 денари.
„Практично сме на чекор до остварувањето на најголемото изборно ветување, тоа е просечна плата од 30.000 денари, имајќи предвид дека во јануари минатиот пат изнесуваше 29.980 денари. Со покачувањето на минималната плата е овозможено 80.000 вработени да земаат 3.000 денари поголема плата почнувајќи од платите за месец март, исплатени во месец април. Ова само покажува колку Владата од СДСМ е посветена на подобрување на животниот стандард на сите граѓани. Доказ за тоа е и последниот сет на антикризни мерки којшто тежи околу 400 милиони евра, со којшто се помаѓа не само на граѓаните, туку и на претпријатијата воопшто. СДСМ останува доследно во намерата со конкретни и издржани мерки да го подобрува стандардот на сите категории на граѓани“, истакна Миланов.
Претходно, Миланов и претставници од општинската организација на партијата организираа средба со пензионерите на која се разговараше за покачувањето на пензиите. Вакви средби се најавени и за во иднина со повеќето засегнати граѓани со цел да се осознаат нивните потреби.
Ребека Спасова М-Нет