
Актуелниот шампион МЗТ Скопје како лидер на табелата во Првата кошаркарска лига ја заврши 2024 година, откако во последниот меч за оваа година шампионот лесно славеше против Шкупи и со тоа изби на првото место со 21 бод.
Пелистер исто така на домашен терен ја совлада екипата на Тиквеш и со тоа е на второто место со ист број на бодови како и МЗТ Скопје, додека пак претходниот лидер, ТФТ беше поразен од МКК Куманово, кој со оваа победа ја продолжи серијата од шест победи по ред и ќе замине на новогодишна пауза со одличен резултат.
Кожув од Гевгелија ќе презими на високото 4. место откако овој тим направи неверојатна победничка серија со четири победи во низа, а пак новајлијта МКК Куманово е на 5. место со серија од пет победи во низа на последни пет мча и на своето конто има 20 бодови како и Кожув.
Поранешниот шампион Работнички 2024 година ја заврши на шесттото место со 19 бодови, а толку има и Чаир 2030 кој има четири порази во низа, а пак Гостивар со 17 бодови е на осмото место на табелата.
Во плеј-аут зоната или на деветтото место заврши Феникс со 16 бодови, Тиквеш и Шкупи имаат по 15 бодови, а пак Вардар ќе презими на дното од табелата со 12 бодови со тоа што Вардар е единствениот тим во елитата кој нема триумф и 2024 година ја завршува со лоши резултати, со надеж за промени и подобра 2025 година.
Првиот осум екипи на табелата играат во плеј-оф, последни четири во плеј-аут сегментот каде разигруваат за опстанок, последните две екипи на крајот од плеј-аутот испаѓаат директно во Втора лига.
Александар Ванев, М-Нет