
Кошаркарите на ГКК Штип го претрпеа петтиот пораз сезонава во Суперлигата, откако на гостувањето во Скопје загубија од актуелниот шампион МЗТ Скопје Аеродром со 96:74, во натпреварот од осмото коло.
Штипјани се соочија со силниот ритам на домаќинот, кој уште од првата четвртина наметна темпо и јасно покажа дека бодовите тешко ќе ги испушти од својата сала. МЗТ го отвори натпреварот со убедливи 24:11, а во вториот период дополнително ја зголеми предноста.
Клучниот момент се случи пред паузата, кога актуелниот шампион направи голема разлика и на одмор замина со високи 51:23. Со минус од 28 поени, ГКК Штип имаше тешка задача во продолжението.
Во второто полувреме избраниците на штипскиот состав одиграа нешто подобро и успеаја да ја намалат негативата, но тоа не беше доволно за да се внесе неизвесност во завршницата. По три четвртини резултатот гласеше 71:46, а МЗТ рутински го приведе натпреварот до крај за конечни 96:74.
Во редовите на ГКК Штип најефикасен беше Пал со 22 поени и четири скока. Хамилтон, Димчевски и Митев придонесоа со по 11 поени.
Кај победникот, Лука Стојановски постигна 21 поен, Војдан Стојановски 16, додека Николиќ натпреварот го заврши со дабл-дабл учинок од 14 поени и 11 скока.
За МЗТ Скопје ова беше шеста победа во осмиот натпревар, додека ГКК Штип по осум одиграни кола има три победи и пет порази.
Кај победникот, Лука Стојановски постигна 21 поен, Војдан Стојановски 16, додека Николиќ натпреварот го заврши со дабл-дабл учинок од 14 поени и 11 скока.
За МЗТ Скопје ова беше шеста победа во осмиот натпревар, додека ГКК Штип по осум одиграни кола има три победи и пет порази.
Штипјани нема да имаат многу време за одмор, бидејќи во следното коло ги очекува нов сериозен предизвик. Во Штип гостува Работнички, лидерот на табелата, кој по осум кола има максимален учинок од осум победи.
Тоа ќе биде нова можност за ГКК Штип пред домашната публика да покаже дека може да се надигрува и со најсилните екипи во македонската кошарка.