
Месото на трпезите се наоѓа се поретко, најчесто заради високата цена по која се продава. Граѓаните едвај си дозволуваат парче месо за празниците, а за обичен ден знаат да кажат дека тоа преставува луксуз. Ако некогаш купувале килограми, денеска купуваат колку за проба, додавајќи дека цените се високи а примањата ниска и оваа корелација е главната причина поради која се поретко се посетуваат месарниците.
Може ли да се промени ваквата ситуација на терен. На пазарот во Штип влегува познатата компанија Атансовски, со домашно месо, кое се продава по пониска цена, достапна за џебот на граѓаните, а со проверен и докажан квалитет. Целта е секој да може да си дозволи парче месо на трпезата по нормална цена.
„Како месар што со години работи со народот сакам да им порачам на граѓаните дека има добри вести. Во изминатиот период цените на месото почнаа да паѓаат и тоа веќе се чувствува на пазарот. Наша цел е квалитетно месо по реална цена достапно за секое семејство. Свесни сме дека животот е скап и затоа правиме се што можеме да им излеземе во пресрет на граѓаните со пониските цен“ – вели
Прилагодлива за џебот на граѓаните е цената на целото месо, не само на свинското туку и на телешкото. Дополнително има и останати квалитетни производи достапни за граѓаните во Штип.
Лаура Стојанова Ќирчов, М-Нет