Ракометарките на Астибо утре ја започнуваат пролетната полусезона – во Штип гостува Вардар!

Ракометарките на Астибо утре ја отвараат пролетната полусезона во Супер лигата, со натпреварот од 14. коло. Во Штип ќе гостува тимот на Вардар, а ова средба ќе се одигра во спортската сала „Тошо Арсов“ со почеток од 12 часот.

Астибо бара поддршка од публиката и верните навивачи, полна трибина и ветер во грб во обид да се совлада Вардар и да се стигне до значајна победа и важни бодови.

Вардар со 14 бодови е сигурен на 4. место на табелата, а пак Астибо е шестти со седум бодови.

Колото се затвара во понеделник со мечот меѓу Пелистер и Куманово, а пак денес на програмата се натпреварите меѓу Чаир и Металург Автокоманда, како и Ѓорче Петров против Спартак.

Александар Ванев, М-Нет