
Мерка притвор во траење од 30 дена доби сопственикот на Агенцијата за ообезбедување. Мерката е изречена од страна на Основниот Суд Кочани, откако во текот на вчерашниот ден Јавното обвинитеслтво ја прошири истрагата за пожарот во дискотеката Пулс.
Агенцијата на осомничениот ја обезбедувала дискотеката вечерта на трагичниот настан, а сопствениокот е осмничен за „тешки дела против општата сигурност“.
Агенцијата за обезбедување немала склучено договор со дискотеката Пулс, а во 2025 година вршеле обезбедување на имот и лица за клубот.
„ Спротивно на повеќе членови од Законот за приватно обезбедување, без каква било претходна безбедносна проценка и план за обезбедување, како и без проверка на условите за противпожарна заштита и опасност од пожари, без да извршат проверка по однос на сигурносните услови во кабарето од аспект на имот и лица, особено по опасност и можност за евакуација, во текот на вечерта кога настанал пожарот не контролирале и овозможиле влез на деца во објектот, не воделе грижа за преполнетоста на капацитетот за посетители во објектот, не спречиле внес и користење на експлозивни материи – пиротехнички средства од членовите на музичката група“ – стои во соопштението од јавното обвинителство.
Истрага заврши пред неколку дена, а со новиот осомничен бројката е 47, со можност да се проширува согласно истрагата.
Во пожарот во дискотеката Пулс пжинаа 62 лица, со тешки телесни повреди се здобиле 157 лица, а со телесни повреди се здобиле 54 лица.
Лаура Стојанова Ќирчов, М-Нет