
Во сабота се игра големото дерби на двете водечки екипи меѓу Охрид и Шкендија Арачиново, соочување на лидерот и второпласираниот тим од 17. коло на Втора лига.
Дерби на две екипи кои испишаа историја пласирајќи се во полуфиналето во Купот на Македонија, откако Охрид го исфрли освојувачот Вардар во Купот, а пак Шкендија Арачиново преку Работнички стигна во полуфиналето.
Двете екипи сега се насочуваат на предизвиците во шампионатот, каде веќе во сабота ќе водат битка за трите бодови на „Билјанини Извори“.
За Шкендија Арачиново само триумф е опција ако сака да избие на првото место.
ИЗЈАВА VID-20260224-WA0010 Љупчо Марковски – Калц тренер на Шкендија Арачиново 00:54 (се спремаме за Охрид) до КРАЈ
ИЗЈАВА VID-20260224-WA0009 Дарио Десниќ фудбалер на Шкендија Арачиново 00:37 (да, секако) до 00:50 (сабота)
Охрид со победа ќе побегне на врвот и ќе направи голем чекор кон влезот во Првата лига, а со реми ќе го сочува врвот и ќе има плус два во однос на Шкендија Арачиново.
ТЕЛОП ИЗЈАВА Ромео Кочоски, тренер на Охрид
„Во сабота ќе биде вистински фудбалски празник во Охрид, играчите заслужуваат поголема поддршка, бидејќи се најзаслужни за тоа што Охрид се движи во правец што беше зацртан. Многу работи зависат од овој натпревар, направивме анализа на противинкот имаме уште два дена за подготовки. Се надевам дека ние ќе се израдуваме на победата која ќе биде десетта во низа“, вели младиот тренер.
Натпреварот меѓу Охрид и Шкендија Арачиново се игра во сабота со почеток од 14 часот на стадионот „Билјанини Извори“.
Александар Ванев, М-Нет