Мајка од беровско физички ја напаѓала 12-годишната ќерка и ја повредувала

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Берово поднесе кривична пријава против Д.Ц.(39) од беровско, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „телесна повреда“ и „неизвршување на судска одлука”. На 09.10.2026 во Берово, пријавената физичка ја нападнала нејзината 12-годишна ќерка и постапила спротивно на Решение за заштита од семејно насилство, издадено од Основен суд Берово.