Матурантите од СОУ „Коле Нехтенин“ утревечер ќе дефилираат низ центарот на Штип, започнуваат матурските прослави

Матурантите од СОУ „Коле Нехтенин“ утревечер ќе дефилираат низ центарот на Штип со што започнуваат матурските прослави. Во 19 часот ќе започнат од плоштадот Слобода. Останатите средни училишта во Штип продолжуваат наредната недела. Оваа година во четирите средни училишта во Штип завршуваат вкупно 443 матуранти.

„Во Штип оваа година завршуваат вкуно 443 матуранти во четирите средни училишта. Матурските прослави поќнуваат од 16 мај, односно од утре. Започнува СОУ „Коле Нехтенин“ со дефиле кое ќе започне во 19 часот од плоштадот Слобода. На 19 мај е СОУ „Славчо Стојменски“, на 20 мај е „Димитар Мирасчиев“ и на 21 мај е „Јане Сандански“. “ – вели Санева.

Изминатиот период се одржани и средби со преставници од СВР Штип, со цел да се потенцира дека на матурската вечер матурантите не треба да пијат алкохол и да седнуваат зад воланот пијани. Ова е се цел матурските вечери да се реализираат без инциденти, мирно и весело.

Во меѓувреме матурантите се подготвуваат и за полагање на матурски испит. Првиот по мајчин јазик е на 31 мај, а вториот, англиски или математика ќе се полага на 11 јуни. Оваа година за првпат матурантите ќе полагаат во анфитеатрите на УГД Штип.

Лаура Стојанова Ќирчов, М-Нет