Матеј Марков со плодна меѓународна сезона во спортско качување – интересот за овој спорт кај младите во Штип е на ниско ниво

Спортското качување во градот под Исарот е со мал интерес, особено кај младите, во однос на останатите спортови како фудбал, кошарка, ракомет или пак одбојка каде се буди поголем интерес на младите, но сепак има и млади кои го сакаат овој спорт и кои се одлучиле да се посветат на едно повисоко ниво и да започнат со големи резултат и надвор од границите на Македонија.

Пример за тоа е младиот Матеј Марков, средношколец од Штип кој зад себе има плодна меѓународна сезона и со големи успеси ја заокружува 2025 година.

Тој за М Нет телевизија раскажува за неговите почетоци кон овој спорт, а предизвиците започна на негова десетгодишна возраст. Вели дека неговите први впечатоци биле дека се работи за лесен спорт, но сепак не било така. Младиот Марков зад себе има веќе големи успеси со учество на големи натпреварувања.

Марков пред камерите на М Нет телевизија направи една ретроспектива на 2025 година, на неговите настапи и резултати, а неговиот последен настат беше Светското првенство во Сеул, Јужна Кореја.

Учеството на Светското првество на Јужна Кореја е потврда за големиот талент и напредокот на средношколецот од Штип.

Како што вели Марков заинтресираноста за овој спорт во Штип кај младите е на ниско ниво.

Марков се надева дека во иднина ќе има повеќе качувачи, повеќе млади кои би сакале да го следат неговиот пример, спортско качување е спорт кој што е поделен на природни и вештачки карпи, додека пак натпреварите на вештачките карпи се поделени на тежински натпревари, брзински натпревари и болдер натпревари.

Александар Ванев, М-Нет