Масар Омерагиќ официјално доби кандидатура за претседател на ФФМ од ОФС Свети Николе!

На собранието на Општинскиот фудбалски сојуз во Свети Николе, синоќа со едногласна одлука од 16 гласа „ЗА“ беше предложен Масар Омерагиќ за кандидат за претседател на Фудбалската федерација на Македонија. Со оваа кандидатурата на Омерагиќ станува официјална.

Муамед Сејдини пред околу две недели поднесе неотповиклива оставка, а Омерагиќ се очекува да биде единствениот кандидат за нов претседател на Фудбалската федерација на Македонија.

На Вонредното изборно Собрание на ФФМ закажано на 22 декември 2024 година ќе се констатира оставката на актуелниот претседател на ФФМ, Муамед Сејдини и ќе се избере претседател на Фудбалската федерација на Македонија.

Александар Ванев, М-Нет