
Искусната ракометарка Марија Анчева продолжува да ги полни мрежите на противниците и со тоа да е најдобар стрелец во Суперлигата, штипјанката за својот Астибо досега постигна 109 погодоци и засега е единствената ракометарка која помина повеќе од 100 натпревар во домашниот шампионат на десет одиграни натпревари.
Анчева со години е најдобар стрелец во Суперлигата, а годинава одново бега на врвот и сака да биде повторно најдобар стрелец. Ракометарката од Штип има дури 17 гола повеќе во однос на вториот најдобар стрелец во лигата односно од Зорица Андовска од тимот на Спартак која со 92 гола е втора на листата на стрелци.
Ако се погледне листата на стрелци во однос на третото место, тогаш дефинитивно Анчева прави голема разлика трета е Мариана Силва Азеведо која за тимот на Куманово постигна 68 гола, а тоа значи дека Анчева има дури 41 гола повеќе во однос на третиот најдобар стрелец, што ќе биде исклучително тешко да се стигна Марија Анчева.
Ракометарката на Пелистер, Анастасија Тодоровска има 62 гола, а пак Леона Миленковска која го носи дресот на Вардар има 60 гола. Емилија Ризоска во дресот на шампионот Ѓорче Петров има 59 гола, најдобар стрелец за Чаир е Биљана Дамчевска со 54 гола, а пак Марија Јанкуловска е прво име на Металург Автокоманда со 43 гола.
Александар Ванев, М-Нет