Марихуаната ја стимулира депресијата

На корисниците на дрогата марихуана често им се случува да имаат недостаток на мотивација. Некои дури се депресивни или покажуваат други знаци на ментални заболувања.Ова се само дел од истражувањата во кои партиципираат професори на факултетите од источниот регион на државата и повеќе анќетирани граѓани од овој дел на регионот.Според првите потврди на хипотези се докажува дека. Додека оваа дрога заземала замав во претходните 3 децении, научниците биле премногу зафатени истражувајки дали оваа дрога е лек или пак е штетна по менталното здравје. Резултатите покажаа дека конзумирањето марихуана го зголемува ризикот од хронична депресија и го зголемува ризикот од шизофренија.Истражувањата се базирани по програми од останатите континенти.во продолжение е посочен сегмент од истражувачкиот пример на австралиските научници.

Во Австралија научниците направиле анкета на 1,600 15-годишници, и уште еднаш кај истите учесници 7 години подоцна. Учесниците пополнувале прашалници поврзани со користење марихуана и симптоми на депресија и анксиозност. Резултатите покажале дека 60% од учесниците конзумирале марихуана пред 20 годишна возраст. Младите девојки кои конзумираат марихуана еднаш до два пати неделно имаат двојно поголема веројатност за разлика од они кои не конзумираат, дека подоцна ќе страдаат од депресија. Додека кај девојките кои конзумираат марихуана еднаш дневно веројатноста дека ќе страдаат од депресија е за 5 пати поголема.