Манифестацијата „Штипско културно лето“ започнува на 6 јули на отворено во Ново Село

По 37 пат во Штип ќе се реализира најстарата манифестација во културата „Штипско културно лето“. Истото ќе започне на шести јули, но за првпат во штипско Ново Село на отворено. За овогодинешното штипско културно лето предвидена е програма која би требало да одговори на реномето на град Штип.

„Станува збор за манифестации кои ќе бидат реализрани во вообичаениот традиционален термин, тоа е месец јули. Најголемиот број манифестации ќе се случуваат на отворено, затоа и свеченото отворање ќе биде на просторот во дворот помеѓу храмот во Ново Село и зградата на ректоратот“ -кажа Панајотов.

Оваа година на штипската сцена пред граѓаните ќе се престават групи, бендови и уметници од страна, кои на поинаков начин не би можеле да ги забавуваат штипјани.

„Наоѓаме начин преку соработка со останати наши сродни манифестации да донесеме уметници од страна. Затоа веќе третиот настан на штипско културно лето се харвардските крокодили, тоа е акапела група од 12 пеачи кои доаѓаат од САД “ – додаде Панајотов

Настаните за овогодинешното штипско Културно лето ќе бидат на различни локации, а предвидено е да се организираат по три до четири настави во текот на неделата. Штипското културно лето ќе трае од 6 до 27 јули, и за истото е предвидена сума од половина милино денари.

Лаура Стојанова М-Нет