Манасиевски: Опозицијата на чело со СДС, Левица и ДУИ не се бори за подобар Изборен законик, туку за да нема Изборен законик

„Опозицијата на чело со СДС, Левица и ДУИ не се бори за подобар Изборен законик, туку за да нема Изборен законик“, кажа денеска на прес-конференција портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Валентин Манасиевски.

Според него, по подолг период постоела реална можност новиот Изборен законик да биде донесен со широк политички консензус.

Тој посочи дека со месеци политичките партии учествувале во разговори, усогласувале текстови и доставувале предлози, но според него, кога процесот требало да биде финализиран, опозициските партии се повлекле и го блокирале договорот.

„Наместо Македонија да покаже политичка зрелост и да испрати порака дека најважните закони можат да се носат со договор, опозицијата избра конфронтација и дневнополитички пресметки. ВМРО-ДПМНЕ и понатаму останува на ставот опозицијата да седне и да се договори што сака, а ние тоа веднаш ќе го прифатиме, само да се олесни гласањето на дијаспората. Одлуката да не се искористи оваа можност и на следните избори повторно да бидеме со стариот ИЗ е исклучиво одговорност на СДС, Левица и ДУИ“, истакна Манасиевски.

Текстот (Видео) Манасиевски: Опозицијата на чело со СДС, Левица и ДУИ не се бори за подобар Изборен законик, туку за да нема Изборен законик е превземен од МАКФАКС.