„Синоним за Филипче е лага, малверзација и корупција“, рече денеска на прес-конференција, портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Валентин Манасиевски.
„Човекот едноставно не може, а да не излаже. Филипче лажеше за мигрантите, за ИПАРД програмата, за извештајот на Вајц, за банкрот на државата, за анкети, лажеше дека вакцинираше внуче, лажеше дека нема златна виза, сега последно излажа дека имал кола од 6.000 евра. Филипче е роден лажго“, истакна тој.
Како што рече Манасиевски, во анкетниот извештај доставен до ДКСК, Филипче немал автомобил од 6.000 евра, туку две моторни возила, едно на брачен другар, мерцедес од 44 илјади евра и еден мотор од 25 илјади евра.
„Зошто Филипче рече дека има автомобил од 6.000 евра, а не му е вметнат во анкетниот лист? Дали можеби цената на автомобилот е повисока и е марка АУДИ добиена како подарок за тендер? Дали Филипче крие нешто од јавноста? Дополнително, што ли уште Филипче ќе излаже? Ако лаже за ваква работа, којзнае за што друго ќе лаже понатаму ако дојде на власт. На ваквите митомани како Венко Филипче не смее да има место во политиката“, кажа Манасиевски.
Текстот (Видео) Манасиевски: Зошто Филипче рече дека има автомобил од 6.000 евра, а не му е вметнат во анкетниот лист? е превземен од МАКФАКС.