Малолетник тешко повреден, паднал од електричен тротинет во Радовиш

На 27.08.2025 во 23.30 часот во Полициската станица Радовиш е пријавено дека на крстосницата од бул.„Алeксандар Македонски“ и ул.”Илија Алексов” во Радовиш 15-годишен малолетник управувајќи електричен тротинет изгубил контрола и паднал на коловозот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил малолетникот, констатирани во Медицинскиот центар Штип. Извршен е увид од увидна екипа од ОВР Радовиш.