Малолетник нападнат во Македонска Каменица – полицијата го расчистува случајот

Малолетно лице било физички нападнато во Македонска Каменица, информира Министерството за внатрешни работи.
Според информациите од полицијата, на 24 јули 2026 година во 22:20 часот во Полициското одделение во Македонска Каменица, 39-годишната К.Ч. од селото Моштица пријавила дека околу 21:30 часот во градот нејзиниот малолетен син бил физички нападнат од друг малолетник.
Од МВР соопштија дека се преземаат мерки и активности за целосно расчистување на случајот, по што ќе бидат утврдени сите околности и ќе следува соодветна постапка.