Мал Ајакс, Овче Поле и Балкан и натаму во неизвесна трка за влез во Првата футсал лига, место има за две екипи, една ќе извиси!

ФОТО: КМФ Мал Ајакс

Остануваат уште четири кола за комплетирање на сезоната во Втората футсал лига на Македонија, а борбата за првите две позиции кои директно водат кон Првата лига ја водат три екипи. Тоа значи дека една екипа ќе извиси.

Мал Ајакс сега е прв на табелата со 48 бодови, штипјани се вратија на врвот од табелата и до крајот зависат сами од себе дали ќе го сочуваат првото место и ќе се вратат во Прва лига. Втор е ланскиот прволигаш Овче Поле, тимот од Свети Николе има 47 бодови на своето конто, но има и натпревар повеќе.

На третото место е Балкан, а овој тим има 47 бодови, но има натпревар помалку од Овче Поле.

До крајот остануваат уште четири кола на кои ќе се решава кои две од овие три екипи ќе обезбедат влез во Првата футсал лига за следната натпреварувачка сезона 2025/2026.

Како што е познато екипите на Железарец и Црна Река испаднаа од Прва во Втора лига, па сега екипите на Мал Ајакс, Овче Поле и Балкан водат борба за да ги пополнат двете места во футсал елитата на Македонија.

Александар Ванев, М-Нет