Мал Ајакс гостува кај СЕЕ Университи, дерби во Свети Николе на Овче Поле и Кораб во борбата за влез во Првата фтусал лига!

ФОТО: КМФ Мал Ајакс

Во три дена ќе биде одиграно 18. коло на Втората футсал лига на Македонија, кое ќе се отвори вечерва со натпреварот меѓу СЕЕ Университи и Мал Ајакс од Штип, каде штипјани ќе бараат победа после двата порази во низа од директните конкуренти за влез во Прва лига односно од екипите на Балкан и Овче Поле.

Лидерот од Штип не смее да си дозволи нов кикс, бидејќи со пораз или реми може да заврши на третото место.

Утре се играат два натпревари, а дербито се игра во Свети Николе меѓу второпласираниот Овче Поле и Кораб кој е четврти на табелата. Ова е дерби каде ланскиот прволигаш со победа ќе ја продолжи борбата за Прва лига, а Кораб ќе мора да победи ако сака да остане и натаму во трка за Прва лига, бидејќи со пораз тимот од Дебар ќе ги заврши надежите за влез во елитата.

Балкан на домашен терен ќе игар со Партизан Југ од Брвеница, во меч каде екипата на Балкан е фаворит за победа и нови три бодови. Балкан ја продолжува борбата за Прва лига, откако ги доби дерби натпреварите од Мал Ајакс и Кораб.

В недела Карадаку на домашен терен ќе бара трето славје против Кратово, а пак Каршиака како фаворит ќе се соочи со екипат на Победа од Прилеп. Натпреварот меѓу Енхалон и ССК Скопје нема да се игра, бидејќи екипата на Енхалон се откажа од понатамошно натпреварување, а тимот на ССК ќе биде слободен.

Во однос на табелата на врвот е Мал Ајакс од Штип со 39 бодови, на делба на второто место се Овче Поле и Балкан со по 37 бодови, на четвртото место е Кораб со 31 бод.

Александар Ванев, М-Нет