Македонските ракометари пристигнаа во Хрватска, вечерва тест против хрватската селекција пред стартот на СП

ФОТО: РФМ

Македонските ракометари пристигнаа во Хрватска, а веќе вечерва ќе следува последниот контролен натпревар за проверка на формата против хрватската репрезентација пред настапот на Светското првенство.

Македонските ракометари досега одиграа три контролни натпревари преку кои ја проверуваа формата, беа подобри од Нови Београд и Динамо Панчево, а загубија од репрезентацијата на Србија.

Вечерва избраниците на селекторот Кирил Лазаров ќе го одиграат последниот тест како последна проверка пред настапот на Светското првенство.

Македонија ќе игра во Вараждин, хрватскиот град буди убави спомени за Македонија, а се очекува голема поддршка од македонските навивачи, а се надеваме дека ќе ги добиеме симпатии и на хрватите, како поддршка на нашите натпревари за што поголема поддршка од трибините.

Македонија е во групата Д, а Светското првенство го отвара на 15. јануари против Унгарија, по два дена следува мечот со Холандија, а на 19. јануари ќе игра против селекцијата на Гвинеја. Очекувањата се дека Македонија ќе ја помине групата и ќе обезбеди следна фаза од Светското првенство.

Домаќини на Светското првенство се Хрватска, Данска и Норвешка, а учество ќе земат 32 селекции, истото започнува во вторник на 14. јануари, а големото финале ќе се одигра на 2. февруари.

Александар Ванев, М-Нет