Македонскиот шампион Шкендија загуби минимално од Карабах во Скопје, во Азербејџан оди со гол негатива!

ФОТО: ФК Шкендија

Македонскиот шампион Шкендија го доживеа првиот европски пораз во квалификациите, откако синоќа на Националната арена „Тодор Проески“ во Скопје загуби со минимални 0:1 од Карабах, во рамки на третото квалификациско коло за Лигата на шампионите.

Натпреварот се одигра пред околу 18.000 гледачи, а со тоа Шкендија имаше силна поддршка од трибините.

Единствениот гол кој значеше победа за Карабах беше постигнат од белата точка, а сигурен реализатор на истиот беше Турал Бајрамов, а истиот беше постигнат во 18. минута од мечот.

Шкендија заигра подобро, бараше гол за израмнување, а голманот на македонскиот шампион, Бубакар Геје беше на висината на задачата со одлични интеревенции откако успеа да одбрани речиси сигурни погодоци на тимот од Азербејџан.

Шкендија во Баку оди по триумф со цел да остане во трката за пласман во плеј-офот на Лигата на шампионите.

Победникот од мечот во Баку односно меѓу Шкендија и Карабах, ќе се соочи со подобриот од дуелот меѓу Лудогорец и Ференцварош.

Александар Ванев, М-Нет