
Македонскиот тенисер Калин Ивановски не успеа да се пласира во второто коло на Челинџер турнирот во Кливленд, САД, откако беше елиминиран во првата рунда од домашниот тенисер Брендон Холт. Холт, кој е петти носител на турнирот, го совлада Ивановски со 2-0 во сетови, по само еден час игра. Холт, кој во моментов се наоѓа на 181. место на АТП листата, ја повтори својата најдобра позиција од кариерата, која ја постигна во мај 2022 година кога беше на 180. место.
Холт кој има 26 години е син на поранешната тенисерка број 1 во светот Трејси Остин.
Турнирот во Кливленд е дел од серијата Челинџер 75 и има награден фонд од 100.000 долари.
Александар Ванев, М-Нет