Македонскиот пица тим замина на Светскиот пица шампионат во Италија

Македонскиот пица тим и годинава е на Светскиот шампион кој денеска започна во Римини, Италија. Таму заминаа вкупно пет учесници – од Кавадарци, Куманово, двајца од Тетово, а меѓу нив е и штипјанецот Мартин Александров.

Македонскиот тим годинава е преполовен поради проблемот со личните документи, но сепак се надеваат на успех и добри резултати.

Пица-мајсторот Зоран Јовановски и неговата сопруга се дел и од жири-комисијата, а Јовановски е и ментор на македонскиот тим, кој ќе се натпреварува во неколку категории.

Светскиот шампионат ќе трае до 21 февруари.