Македонскиот пазар пред Велигден е снабден со доволни количини на јајца

Македонскиот пазар, пред Велигден е снабден со доволни количини на јајца. Од страна на Стопанската комора на Македонија, велат дека јајцата се достапни во доволни количини во трговските мрежи, пазари и фармерски продавници. Во просториите на комората веќе е одржана и работна средба помеѓу компаниите од овој сектор, членките на комората, како и претставници на ресорното министрство предводени од министерот за земјоделство, шумарство и водостопансто, Цветан Трипуновски.

„Најголемите производители и извозници на јајца најавија активна соработка со дистрибутерите и трговците со цел да се задоволи зголемената побарувачка во овој период од годината, а притоа цените да останат на конкурентно ниво, во согласност со пазарните трендови. Ресорното министерство и надлежните институции ги следат состојбите и се подготвени да преземат мерки доколку се јави потреба од дополнителна стабилизација“, велат од Комората.

Она што посебно истакнуваат од комората е граѓаните да внимаваат на трајноста на јајцата при купувањето, како и да се провери нивното потекло.

Иван Митев, М-Нет