
Македонската фудбалска репрезентација нема време за одмор, веќе утре на Националната арена „Тодор Проески“ во Скопје, ќе се одигра натпреварот од третото коло на Лига на нации меѓу Македонија и Шкотска.
Ова ќе биде меч каде нашата репрезентација ќе бара начин за прекин на резултатската криза, ќе се бара и гол после долг период и за победа по повеќе од една година, а со тоа и да се освојат првите бодови во новото издание од Лигата на нации.
Македонија беше убедливо поразена во првото коло од Швајцарија во Скопје со резултат од 0:3, по што се правеа доста промени за мечот во Љубљана со Словенија, но одново нашата репрезентација беше поразена со резултат од 2:0.
По две кола во нашата група Швајцарија има максимални шест бодови и против Словенија на домашен терен ќе бара три од три, а пак Словенците се на второто место со четири бодови имаат реми од 0:0 против Шкотска и победа над Македонија.
Репрезентацијата на Шкотска е на третото место со еден бод, ремито со Словенија и поразот дома од Швајцарија од 0:3. Нашата репрезентација е последна во групата, четврто место, без бодови.
Од аспект на гол разликата Швајцарците имаат шест постигнати погодоци, а немаат примен гол, Словенија има постигнато два гола, тие против Македонија, а нема примено гол, додека пак Шкотска нема постигнато гол, а прими три гола.
Македонската репрезентација нема постигнато гол, а прими пет кола во два меча.
Колку за потсетување Македонија последен пат триумфираше над 7 септември минатата година, кога во Скопје со 5:0 славеше над Лихтенштајн, а последен пат гол постигнавме на 18 ноември минатата година на мечот против Велс, кој го загубивме со 7:1 во гости.
Александар Ванев, М-Нет