Македонија се „сели“ на данско тло – Европското првенство го отвараме против домаќинот Данска!

ФОТО: Ракометна репрезентација на Македонија

Македонската ракометна репрезентација ги одигра пријателските натпревари преку кои имаше можност селекторот Кирил Лазаров заедно со стручниот штаб да ја провери формата, да се пробаат некои комбинации, формации и тактики.

Македонија сега ќе биде во Силкеборг каде ќе се подготвуваме пред натпреварите од групната фаза кој ќе ги играме во Хернинг, град кој е во близина на Силкеборг на околу 40-тина километри.

Македонија ги одигра трите натпревари на „Жолтиот куп“ во Винтертур, каде забележа две победи над Бахреин и Украина, а пак одигравме нерешено со Швајцарија, а капитенот Филип Кузмановски го доби признанието за најкорисен играч.

ИЗЈАВА (во монтажа денешен датум) Филип Кузмановски, капитенот на македонската репрезентација ЦЕЛА ИЗЈАВА

Македонија ќе има уште неколку дена да се подготвува за настапот на Европското првенство. Нашата репрезентација е во групата Б, а мундијалот го отвара на 16 јануари против домаќинот Данска, два дена подоцна ќе се соочиме со Португалија, а пак на 20 јануари ќе играме против Романија.

На претходното Европско првенство кое се одигра во 2024 година Македонија заврши на 17-тотот место, Данска беше втора, Португалија седма, а пак Романија заврши на 22 место.

Во однос пак на Светското првенство кое се одигра минатата година македонската ракометна репрезентација заврши на 15-тото место, Данска го освои златото и е актуелен светски шампион, Португалија беше најголемото изненадување со освоеното високо четврто место, а Романија не избори пласман на Светското првенство 2025 година.

Европското првенство започнува на 15 јануари, домаќини се Данска, Норвешка и Шведска, а пак финалето е закажано за 1 февруари. Настапуваат 24 репрезентации кои се поделени во шест групи со по четири репрезентации.

Александар Ванев, М-Нет