
Ракометната репрезентација на Македонија, Светското првенство го заврши на 15. место. Македонија беше во група со Унгарија, Холандија и Гвинеја, каде нашите ракометари со реми против Унгарија го отворија Мундијалот.
Потоа следуваше мечот против Холандија, каде судиите беа во преден план и тој меч за жал го загубивме, но покажавме карактер и одлична игра. Натпреварот со дебитантот Гвинеја беше меч каде како голем фаворит Македонија забележа висока победа и се пласираше во главната фаза.
Во главната фаза ни следуваа три нови натпревари. Првиот против Австрија каде ремизиравме, па славевме против Катар, а се одјавивме со пораз од големиот фаворит Франција.
Нашиот капитен Филип Кузмановски беше најдобар стрелец со 49 погодоци кои ги постигна од 71 обид или неговиот процент на успешна реализација е 69%.
Од вечерва започнува четвртфиналето, а првиот меч го играат Хрватска против Унгарија, додека пак во вториот меч се среќаваат Франција и Египет.
Утре репрезентацијата на Данска ќе се судри со Бразил, а пак Португалија која е хит на Мундијалот оди на мегдан против Германија.
Александар Ванев, М-Нет