Македонија на пауза со негатива: Словенија казни една грешка, Димитриевски ја спаси Македонија од уште поголем минус!

Фудбалската репрезентација на Македонија замина на полувреме со негатива од 0:1 против Словенија во натпреварот од Лигата на нации.
Словенците до водство стигнаа во 29. минута, кога по одличната асистенција на Жан Випотник, Данијел Штурм се најде во добра позиција и прецизно ја смести топката во левиот агол од голот на Столе Димитриевски за 0:1.

Претходно, Словенија имаше голема можност преку Випотник, но Димитриевски одлично интервенираше и спречи водство на гостите. Голманот на Македонија повторно се истакна во 40. минута, кога со фантастична одбрана го запре ударот со глава на Давид Зец.
Македонија имаше свои моменти. Уште во 6. минута Матеј Гаштаров се обиде со удар од работ на шеснаесетникот, но топката заврши покрај голот. Во 24. минута Енис Барди се закани од слободен удар, но словенечкиот голман одбрани.
Најдобрата шанса за Македонија во првиот дел ја имаше Елмин Растодер во 33. минута, кога по одлично проигрување се најде во шеснаесетникот, но неговиот удар беше блокиран од словенечката одбрана.

По првите 45 минути Македонија има негатива од еден гол и ќе мора да одигра многу поофанзивно во продолжението доколку сака да се врати во натпреварот и да стигне до поволен резултат.