Македонија вечерва во Скопје против Словенија има последна шанса за освојување на бодови

Македонската фудбалска репрезентација вечерва ја пречекува Словенија во последниот меч од групата фаза во Лигата на нациите, средбата ќе се одигра на Националната арена „Тодор Проески“, а ќе започне во 20:45 часот.

Македонија вечерва ја има последната шанса да освои бодови во Лигата на нациите, по петте порази кои ги имавме, а на последниот меч против Шкотска во Глазгов го постигнавме и првиот гол во Б сегментот на Лигата на нациите со што покрај тоа што немаме бодови, ја имаме и најлошата гол разлика од еден постигнат и дури 12 примени погодоци.

Во нашата група Швајцарија е прва со 13 бодови и обезбеди пласман во А сегментот, а пак Словенија е втора со осум бодови, Шкотска е трета со седум, а последна е Македонија без бодови.

Ако Словенија вечерва слави во Скопје ќе го потврди второто место и нема да чека ма исходот од дуелот меѓу Швајцарија и Шкотска, ако Словенија загуби или ремизира во Скопје ќе треба да се надева на пораз на Шкотска на гостувањето кај Швајцарија.

Во Љубљана нашата репрезентација беше поразена со резултат од 2:0, а на последни пет средби Македонија има една победа од 2:1 над Словенија од 10 октомври 2019 година, Словенија двапати ја добиваше нашата репрезентација, а две средби завршија без победник со идентични 1:1.

Низ историјата двете средби осум пати се соочија меѓусебно, а вкупниот биланс е четири победи за Македонија, две победи за Словенија и две ремија.

Македонија на победа чека од 7 септември минатата година кога со 5:0 го доби Лихтенштајн, а по долгиот пост без гол таа серија беше прекината во Глазгов со голот на Елмин Растодер против Шкотска во поразот од 2:1.

Александар Ванев, М-Нет