
Мажите над 50 години да прават редовни испитувања и скрининг програми за рано откривање промени и проблеми со простатата. Докторката Валентина Митрова, специјалист по семејна медицина појаснува дека тестовите се прават преку крв, тумор маркер и ехо, а според резултатите се добива и соодветен третман.
,,Ноември е познат за грижата за машкото здравје, овде промовираме скрининг програми за рано откривање карцином на простата, со советувања да прават редовни испитувања над 50 години, скрининг за рано откривање на некои промени на простата. Се прават преку крв, следува тумор маркер и ехо, и во зависност од резултатите се добиваат соодветна терапија или совет“, потсетува Митрова
Митрова особено ја радува фактот што мажите сè почесто се грижат за своето здравје, за повеќе години живот и квалитетна старост.
,,За среќа зголемена е свеста и се почесто се грижат за своето здравје и ги почитуваат препораките. Ерата на целокупното живеење ја променија свеста и секој се грижи, вложува во свеото здравје, затоа што има поквалитетна старост, затоа што колку повеќе се грижиме и вложуваме во себе, толку ќе имаме поквалитетна старост“, вели Митрова
Месец ноември е месец посветен на машкото здравје, месец во кој се подигнува свеста за важноста на превенцијата, редовните здравствени прегледи и грижата за физичкото и менталното здравје кај мажите.
Ева Тушевска, М-Нет