Маж од Македонија загина во бизарна несреќа во Бугарија

Три лица загинаа синоќа во бугарскиот град Разград, откако автомобил управуван од 19- годишно момче се удри во ресторан и тројца гости загинаа, соопшти обвинителството. Возачот ја изгубил контролата врз автомобилот и се забил во ресторан. Инцидентот се случил доцна синоќа, во 1:36 часот по полноќ, соопштуваат бугарските медиуми.
Жртвите се тројца мажи, посетители на ресторанот, на возраст од 64, 62 и 58 години. Вториот е државјанин на Македонија, со постојан престој во Бугарија. Тестовите за алкохол и дрога на 19-годишниот возач биле негативни. Утврдено е дека автомобилот му припаѓа на неговиот татко. За случајот е покрената претходна постапка, а возачот кривично ќе биде гонет.