Маглата го отежнува сообраќајот на патиштата низ државата, од СВР Штип со апел за внимателност

Појава на магла го отежнува сообраќајот на патните правци Штип – Струмица, Штип – Неготино и Тетово – Скопје од 50 до 100 метри, како и на патните правци Битола – Прилеп, Охрид – Ресен, Охрид – Струга, М. Брод – Кичево и на планинскиот превој Плетвар до 100 метри и на 100 до 150 метри на патните правци Свети Николе – Куманово и Велес – Катланово. АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони, што посебно се однесува за делниците Виница – Берово, Кочани – Делчево, Катланово – Велес и Маврово – Дебар – Струга. Апел за крајна максималност упатуваат и од СВР Штип.

„Внимателноста треба да биде крајно максимална, како што кажав, треба да се прилагоди брзината кон условите и состојбата на патиштата, што значи дека маглата претставува опасност, односно со самото означување на патната и сообраќајна сигнализација укажува дека возачите треба да ја прилагодат брзината“, порачуваат од СВР Штип.

Од АМСМ додаваат дека сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, наместа по влажни коловози. Во однос на маглата, од УХМР, пак, најавуваат дека утре и в петок ќе дува слаб до умерен северозападен ветер, поизразен дожд Повардарието, што ќе предизвика во текот по одделни котлини условите за магла да се намалат.

Ребека Спасова М-Нет